СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО/ Луис де ла Фуенте на оригинален начин го објави конечниот список

Актуелниот шампион на Европа, Шпанија, во Србија ќе го одигра својот прв официјален натпревар по освоената титула во Берлин, во новата сезона во Лигата на Нации.

Advertisements

„Фуријата“ во првото коло ќе гостува на „Рајко Митиќ“ против репрезентацијата на Србија. Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте на оригинален начин го објави конечниот список на фудбалери кои ќе се соочат со Србија во Белград.

Тоа го направи на училишна таблата, на која на старомоден начин ги напиша имињата на фудбалерите на кои ќе смета за овој репрезентативен прозорец.

 

Натпреварот меѓу Србија и Шпанија е закажан за петти септември со почеток во 20:45 часот. Освен Србија и Шпанија, во групата А од Лигата на нации се уште и Швајцарија и Данска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button