ВЕСТИ

(ВИДЕО) Македонската царина заплени минибус со бункери за криење стока

Македонските цариници на граничниот премин „Табановце“ запленија минибус со албански регистарски ознаки кој, како што соопштија од Царината, имал специјални бункери во вентилацискиот систем на возилото кои служат за криење стока. За да се прикријат, бункерите биле обложени со тапацир.

Advertisements

„Случајот е откриен од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел“, информираат од Царинската управа во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button