ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Најголеми поплави во Австралија последниве 60 години, илјадници евакуирани

Околу 18 000 жители на австралиската држава Нов Јужен Велс се евакуирани поради најголемите поплави во последните 60 години, а се очекува обилните дождови да продолжат да паѓаат и во следните неколку дена.

Advertisements

Според Ројтерс, властите планираат да евакуираат уште илјадници луѓе од предградијата на главниот град на таа држава Сиднеј.

Предизвикана е значителна материјална штета во погодените области, каде што живеат околу 25 милиони Австралијци.

Австралискиот премиер Скот Морисон им понуди финансиска помош на луѓето кои мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button