ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Најмалку 23 повредени во земјотрес во јужна Турција

Најмалку 23 лица се повредени во земјтресот со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала што синоќа ја погоди јужна Турција, јавуваат медиумите.

Advertisements

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од пад или скок од голема височина, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, за новинската агенција Анадолу изјавил дека тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби се на терен.

Тој додал дека според привичните информации во земјоресот била урната напуштена зграда.

Приватната телевизија НТВ објави дека се видливи оштетувања на зградите како последица на земјотресот.

Епицентарот на потресот бил во општината Јешиљурт во провинцијата Малатија. Провинцијата беше меѓу тешко погодените во земјотресот кој се случи на 6 февруари. Градоначалникот на истиомениот град во провинцијата, Селахатин Гуркан соопшти дека тогаш во Маталија загинале околу 2 300 луѓе.

Во двата големи земјотреси кои на почетокот на февруари ги потресоа југоисточниот дел на Турција и северна Сирија загинаа над 50 000 луѓе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button