
Најмалку 79луѓе загинале откако се урнал покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, објави Си-Ен-Ен. Над 160 се повредени, а се уште трае потрага и извлекување на затрупани гости во клубот.
Спасувачите се обидуваат да стигнат до нив и да ги спасат. Извлечени се над 100 луѓе од под урнатините.
Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало и политичари и спортисти.
Меѓу загинатите е и Нелси Круз, гувернерка на провинцијата Монти Кристи во Доминиканската Република.
Круз се јавила на доминиканскиот претседател Луис Абинадер по уривањето на покривот, го информирала за несреќата и му рекла дека и таа заедно со десетици луѓе е затрупана, соопшти првата дама на Доминиканска република. Круз подоцна била извлечена, но починала во болница, соопштија властите.
Во колапсот загинаа и поранешните безбол играчи, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти. Дотел починал на пат кон локалната болница откако беше извлечен од урнатините, изјави портпаролот на националното министерство за спорт. Тој (51) го имаше своето деби за Њујорк Мец во 1999 година и играше за повеќе од десетина тимови до 2013 година.
Покривот се урнал за време на концерт и засега нема сознанија за причините за трагедијата.