
Најмалку четири лица загинаа во поплавите што ги погодија германските покраини Баварија и Баден-Виртемберг.
Поради неколкудневните обилни врнежи, реките и потоците во многу области се излеаја од коритата, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Овој број се зголеми во понеделникот кога беа пронајдени телата на две лица во Баден-Виртемберг, додека телата на пожарникар и една жена беа пронајдени за време на викендот во Баварија, пренесува „Танјуг“.