ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е нападнат од група млади момчиња кои лепеле плакати против него на фасади од згради во Белград, пренесува Н1.

Во инцидентот, исто така, е нападнат и повреден функционерот на партијата, Ѓорѓе Алексиќ, кој по нападот заедно со Ѓилас заминал во белградскиот Ургентен центар на лекарски прегледи во кои на двајцата им се констатирани повреди.

Advertisements

Партијата на Ѓилас на социјалните мрежи објави снимка од инцидентот на која се гледа како опозицискиот лидер им приоѓа на неколку млади момчиња покрај зграда во Белград и ги прашува што прават.

Потоа, како што може да се види од снимката, настанува расправија меѓу нив која и покрај повиците на дел од придружниците на Ѓилас за смирување на тензиите прераснува во тепачка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button