
Воведувањето нови построги мерки за борба против ширењето на коронавирусот низ цела Европа предизвика бран насилни протести. За време на викендот имаше судири и апсења на протестите во Рим, Неапол, Лондон, а беше нападнат и германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин.
Во улиците на Рим избувнаа немири во саботата вечерта и дојде до судир меѓу десничарите, кои протестираа против мерките за корона, и полицијата.
Насилството започна кога демонстрантите се приближуваа до центарот на градот, палеа и фрлаа факели и друга пиротехника.
Во саботата се одржа протест во Лондон поради ограничувачките мерки донесени од британската влада во борбата против вирусот корона, а полицијата уапси неколку лица.
Демонстрантите се собраа во Хајд Парк, претежно носејќи транспаренти и знаци и повикувајќи на укинување на обврската за носење заштитна маска, пренесува Би-Би-Си.