ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Немири во Лос Анџелес, полицијата употреби солзавец и шок-бомби

Веќе неколку дена во центарот на Лос Анџелес, Калифорнија траат протестите што избувнаа поради рации и депортации на мигранти.

Advertisements

Според последните информации на американските медиуми, во најновиот од серијата протести против имиграциските рации што се случија во Лос Анџелес во текот на викендот, демонстрантите се судрија со агенти на Калифорниската Национална гарда, Одделот за имиграција и Одделот за внатрешна безбедност пред притворниот центар во Лос Анџелес,

Според објавите на Си-ен-ен, полицајците употребуваат шок-бомби додека се движат кон демонстрантите, кои, пак, веат американски и мексикански знамиња на аголот од улиците Аркадија и Северна Мејн во Лос Анџелес.

Во еден период од немирите, демонстрантите се повлекуваат додека полицајците им се приближуваат.

Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес е намален, но некои групи се уште се судираат со полицијата.

Сообраќајот во тој дел од градот е прекинат, а властите информираат дека чад се издига од автопатот 101.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом изјави дека акциите на Трамп за распоредување на гардата на улиците на Лос Анџелес се нелегални и неморални. Се закани дека ќе ја тужи администрацијата.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, пак, рече дека она што го гледаме во Лос Анџелес е хаос што е испровоциран од администрацијата и ги повика демонстрантите мирно да протестираат.

Протестите во Лос Анџелес започнаа во петокот, кога демонстрантите се собраа во близина на федералната зграда во центарот на градот, откако се уапсени најмалку 44 лица во рациите врз нелегалните имигранти низ градот.

Следеа демонстрации, кои брзо станаа насилни – летаа камења и молотови коктели, а властите одговорија со солзавец, гумени куршуми и димни бомби.

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата на Трут соушл ги нарече демонстрантите „анархисти и ограбувачи“ и порача дека ако гувернерот на Калифорнија и градоначалникот на Лос Анџелес, не можат да воспостават ред, тоа ќе го направи федералната влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button