ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Невидени поплави во Австралија: Десет мртви, ангажирана војска, Сиднеј во опасност

Бројот на загинати во поплавите во источна Австралија се искачи на десет, а воени хеликоптери продолжуваат да спасуваат луѓе од покривите на куќите во поплавените населени места.

Десеттата жртва на невидените поплави е жена на возраст од околу 80 години, која е пронајдена мртва на поплавен имот, соопшти локалната полиција, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Водата од поплави предизвикана од обилните дождови кои почнаа да паѓаат кон крајот на минатата недела поплави неколку градови и мостови во Квинсленд и Нов Јужен Велс.

Во овој момент обилните дождови се движат кон Сиднеј, кој сега е во опасност од ненадејни поплави, јавува Танјуг.

„Овој прилично силен временски систем наскоро ќе дојде до централниот брег на Сиднеј, а ние веќе ги чувствуваме елементите на тоа“, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот, го опиша екстремното време како нешто што се случува еднаш во илјада години, наведувајќи дека екипите на брзата помош извршиле повеќе од 1.000 спасувачки операции во таа земја откако досега добиле 6.000 повици за помош.

Стотици луѓе се уште се заглавени во своите домови во градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, соочени со најголемите поплави во историјата, а има извештаи дека некои од нив ја поминале ноќта на покривите.

Мајорот Стив Криг рече дека девет лица се уште се водат како исчезнати, а 400 спасувања допрва треба да се спроведат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button