ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Нови немири во Холандија – полицијата употреби палки, водени топови и кучиња

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Нови судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови во знак на протести против построги владини мерки за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус. Петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.

Advertisements

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Демонстрантите со маски и качулки запалија паркирани велосипеди, а полицијата употреби коњи, кучиња и палки за да ги смири, пишува Би-Би-Си.

Помали судири имаше во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои се играа без публика поради правилата на Ковид.

Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје во тој град, а 51 лице беа уапсени. Според досегашните информации, прва пукала кон демонстрантите била полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button