
Видеоснимки од дрон што се појавија на интернет ги покажуваат размерите на катастрофата во северниот дел на грчкиот остров Евија.
На овој остров пожарникарите веќе седум дена се борат со катастрофалниот пожар, кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земја и уништи илјадници објекти.
Населбите на грчкиот остров се опкружени со оган, пишува „Катимерини“ и додава дека ситуацијата на јужната страна сѐ уште е мирна.
Грчките пожарникари, со помош на 200 колеги од Украина и Романија и локални жители, како и грчките воздухопловни сили, го гаснеа пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-Трупи цела ноќ.
Вчера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им се извини на жителите на Евија и Атика поради евентуалните слабости што ги покажала државата. Тој порача порача дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека приоритет било да се спасат човечки животи и додаде дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении.