
Србите на Косово почнаа да ги отстрануваат барикадите од административниот премин „Мердарe“ од правец Куршумлија кон Подуево.
Како што пишуваат српските медиуми барикадата на „Мердаре“, што ја поставија група граѓани за поддршка на уапсените Срби, по нивното ослободување вчера, е отстранета.
Патници во автомобили, како и дваесетина камиони веќе чекаат на српска страна за да преминат на Косово.
Вчера по средбата на претседателот на Србија со претставниците на Србите од Косово беше донесена одлука за отстранување на барикадите.