ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Патнички авион се запали на писта во Јапонија

Патнички авион на јапонската авиокомпанија „Џапен ерлајнс“ се запали на пистата по слетувањето на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Снимките што ги објави државната телевизија „НХК“ покажуваат пламен како излегува од прозорите на авионот, како и под него. Пистата исто така е во пламен.

Властите велат дека авионот можеби се судрил со друг авион по слетувањето. Портпаролот на „Џапен ерлајнс“ изјави дека во авионот, кој пристигнал од Хокаидо, имало 300 патници. Се верува дека другиот авион ѝ припаѓал на јапонската крајбрежна стража.

Од авиокомпанијата дополнително соопштија дека сите 379 патници и членови на екипажот се евакуирани.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button