КОШАРКАСПОРТ

ВИДЕО/ Победа на Далас, после тешката повредата на Дончиќ

Далас Маверикс како гости го победија Феникс Санс со 99:95, а победата остана во сенка на повредата на голема ѕвезда Лука Дончиќ. Словенецот одигра само три минути кога го повреди скочниот зглоб и сѐ уште нема прогноза колку долго ќе биде надвор од терените. Што се однесува до самиот натпревар, Далас играше на крилата на расположениот Спенсер Динвиди кој мечот го заврши со 36 поени, додека Доријан Фини Смит имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 скока. Кај Феникс, Крис Пол имаше 22 поени, 6 скока и 10 асистенции, Камерон Џонсон забележа ефект од 22 поени и 8 скока, Деандре Ајтон постигна 19 поени и 20 скока, а двоцифрен беше и Микал Бриџис со 16 поени.

Њујорк Никс го победи Бостон на гости по продолжение со 117:120, а Џулиус Рандл постигна 37 поени за победничкиот тим.

Лос Анџелес Клиперс беа доминантни против Сан Антонио Спарс и славеа со 138:100. Пол Џорџ уфрли 35 поени, зачинети со четири скока и седум асистенции.

Резултати:

Бостон Селтикс – Њујорк Никс 117:120

Бруклин Нетс – Детроит Пистонс 122:130

Шарлот Хорнетс – Чикаго Булс 111:96

Хјустон Рокетс – Кливленд Кавалирс 95:113

Феникс Санс – Далас Маверикс 95:99

Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио Спарс 138:100.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button