ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Подводен кружен тек на длабочина од безмалку 200 метри!

Изградбата на првиот подводен кружен тек под Северниот атлантски океан, како дел од тунелот долг 11 километри под дното, што поврзува 2 од 18-те Фарски острови, е завршена.

Advertisements

Се очекува наскоро да биде пуштен во употреба, но тој не само што ќе се користи за сообраќај, туку и необичниот инженерски потфат е украсен и со разни дела од локалниот уметник Трондур Патурсон.

Во својот најдлабок дел, тунелот Еисторојар лежи на 189 метри под дното на океанот.

Во 2014 година, Парламентот на Фарските Острови ги одобри плановите за изградба на тунел што ќе го поврзува главниот град Торшавн со две места на островот Еисторојар – Рунавик и Стендур.

Работите на тунелот кон Еисутојар се планираа да завршат до почетокот на 2021 година, но тие беа завршени пред крајниот рок, па затоа ќе биде отворен на 19 декември, кога ќе поминат сите безбедносни проверки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button