СВЕТ
(ВИДЕО) Поплави и прекини на струја на Филипините по ударот на тајфунот Тораџи

Тајфунот Тораџи го погоди северниот дел на Филипините, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија, пред да ослабне на ниво на тропска бура и да продолжи кон Јужното Кинеско Море, соопштија денеска филипинските власти.
Властите ги расчистуваат патиштата блокирани од паднатите дрвја, столбовите за струја и малите одрони предизвикани од Торајџи, за да овозможат премин на пакети со храна и друга владина помош и да ги спасат заглавените, пренесува АП.
Контингентите за одговор при катастрофи, вклучувајќи ги воените трупи, полицијата и крајбрежната стража, се обидуваат да одговорат на последиците од последователните тајфуни и бури.