ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Поплави во југозападна Хрватска, евакуирано население, прекини во струјата

Постојаните врнежи од дожд во делови од Хрватска предизвикаа излевање на реката Зрмања преку заштитниот ѕид во областа на градот Обровац, а реката Отуча се излеа од коритата во општина Грачац на југозападот на Хрватска. Во овие делови од Хрватска испратени се пожарникари и припадници на планинарската спасувачка служба кои со чамци помагаат во евакуацијата на жителите.

Advertisements

Од планинарската спасувачка служба велат дека во центарот на општина Грачац водата навлегла во многу куќи и дека четири семејства се евакуирани.

Раководителот на Цивилната заштита на општина Грачац, Наталија Турбиќ, рече дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, издигнување на подземните води и обилните врнежи од дожд, а голема површина од општината што е на пониско ниво е под вода.

„Сите оперативни сили предводени од противпожарните бригади, Штабот за цивилна заштита на Грачац и Обровац и претставниците на Цивилната заштита на Задарската жупанија и локалните жители вложуваат максимални напори во одбраната од поплави. Состојбата во областа Грачац утрово малку се смирува, реката Отуча се врати во своето корито. Пожарникарите и членовите на ХГСС и Црвениот крст сè уште работат на испумпување на водата и давање помош на населението“, изјави шефот на Штабот за цивилна заштита на округот Задар, Шиме Вицковиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button