
Повеќе од 300.000 Канаѓани денеска останаа без струја во делови од канадската провинција Онтарио поради ледена бура, соопшти енергетската компанија „Хидро Ван“.
Таа најави дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде обновено на 1 април.
Метеоролозите издадоа предупредување за замрзнат дожд до понеделник наутро во Отава, како и во делови од провинциите Квебек и Онтарио.