ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Пожар на местото каде што се урна кинескиот авион, властите во Кина ја потврдија информацијата за несреќата

Патничкиот авион од типот „боинг 737“, кој превезувал 133 патници и утрово се урна во близина на кинескиот град Вужоу во јужна Кина, предизвика шумски пожар на местото на несреќата, јавија државните медиуми.

Advertisements

Бројот на жртвите во несреќата засега не е познат.

Информацијата за несреќата ја потврдија и кинеските воздухопловни власти.

„Авион од типот ‘боинг 737’ што летал од градот Кунминг до градот Гуангжу го загубил контактот над градот Вужоу во јужниот регион Гуангкси. Во моментов, потврдено е дека авионот се урнал“, соопшти Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) во онлајн соопштение.

Авионот превезувал 123 патници и девет члена на екипажот, односно вкупно 132 лица, соопшти Кинеската управа за цивилно воздухопловство, а претходниот извештај на државните медиуми соопшти дека во авионот имало 133 лица.

Државната кинеска телевизија Си-си-ти-ви објави дека авионот се урнал во близина на градот Вужоу и предизвикал пожар, цитирајќи го провинциското биро за управување со вонредни состојби.

Најголемата авионска несреќа во Кина се случи во 1994 година кога при пад на авион на „Чајна нортвест ерлајнс“ загинаа сите 160 патници.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button