МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар во казино во Ѓорче Петров

Пожарот во скопската Општина Ѓорче Петров, според пријавата во МВР, избувнал во казино при што е опожарена кровната конструкција.

Advertisements

Од МВР велат дека во полиција е пријавено во 10:41 часот, а повредени лица нема.

„Повредени лица нема, а пожарот сè уште се гаси од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, велат од МВР.

Сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ е пренасочен додека се гаси пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button