ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Пожарите во Русија продолжуваат да се шират! Прогласена вонредна состојба!

Пожарите во Русија се проширија на уште 90.000 хектари во последните 24 часа и во моментов вкупно 837.000 хектари се зафатени од пожарот, објави утрово Службата за заштита на шумите, предупредувајќи дека пожарот продолжува да се шири иако пожарите се изгаснат на површина од 6.500. хектари.

Во изминатите 24 часа неутрализирани се 36 пожари во Русија на вкупна површина од 6.535 хектари. До полноќ по московско време на 2 август, беа потврдени 217 активни пожари, кои зафатија површина од 837.813 хектари – се наведува во соопштението, пренесува ТАС.

Најголемиот пожар е пријавен во Јакутија на површина од 669.000 хектари, потоа регионот Иркутск (107.000 хектари) и Чукотка (14.290 хектари).

Во противпожарните операции учествуваат 4.919 лица, 735 возила, 42 набудувачки и 20 противпожарни авиони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button