ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(ВИДЕО) Протест на приватните превозници, оставена само една лента за итни случаи

Приватните превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку клучни крстосници во главниот град. Блокирани се крстосницата пред ТЦ Мавровка, крстосницата кај Црвениот крст и булеварот Илинден.
Како што може да се забележи, на блокадите е оставена само една проодна коловозна лента за итни скучаи или за потребите на полицијата.