ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Пукотници на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија, кандидатот за претседател на САД симнат од бината со крвава глава

Кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп беше итно изнесен од бината од припадници на Тајната служба на митинг во Батлер, Пенсилванија, откако одекнаа истрели од огнено оружје, а Трамп се фати за увото, објави фоксњуз.

Advertisements

Поранешниот претседател на САД штотуку почна да зборува и да ја разгорува толпата кога се слушнаа повеќе од пет истрели и тој беше изнесен, опкружен од агенти на тајната служба, а во публиката се слушаа вресоци.

„И тогаш ја презеде функцијата најлошиот претседател во историјата на нашата земја. И погледнете што се случи со нашата земја. Веројатно 20 милиони луѓе [влегоа нелегално]. И, знаете, тоа е малку старо, таа табела… Табелата е стара неколку месеци, а ако сакате навистина да видите нешто толку тажно, погледнете што се случило…“, рече Трамп пред да одекнат пукотници.

Додека го симнуваа од бината, личеше како да има крв на главата, а Трамп побара за момент да застанат и пркосно ги крена рацете.

На интернет веќе се шират фотографии од Трамп со крвава глава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button