СПОРТ

ВИДЕО / Рафаел Надал ја заврши тениската кариера 38-годишна возраст

Шпанскиот тениски ветеран Рафаел Надал објави дека ја завршува тениската кариера на 38-годишна возраст. Последни натпревари ќе му бидат за репрзентацијата на Шпанија во рамки на Дејвис Купот во месец ноември. Легендата во „белиот спорт“ имаше доста проблеми со повреди во изминатиот период и не можеше да игра на врвно ниво. Затоа, реши дека е време да му каже збогум на професионалниот тенис.

Advertisements

Надал заминува во пензија како големо име, еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Зад своето име Шпанецот има 22 Грен Слем титули, 36 мастерс-титули, а рекордер е по бројот на трофеи на Ролан Гарос.

Во кариерата Надал има и пет Дејвис Купа со Шпанија, како и две олимписки злата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button