
Ракометарите на Вардар покажаа дека се достојни за игра во Лигата на Европа и отворија на одличен начин против исландски Валур, тим кој вчеравечер загуби со 33:26 во Скопје.
Избраниците на Недановски беа навистина растрчани и расположени на половична исполнетите трибини во „Јане Сандански“, но оние кои присуствуваа во салата во Аеродром видоа и една ракометна магија од која застанува здивот.
ЕХФ на својот официјален профил на Лигата на Европа ја прикажа магијата од Скопје, која многу веројатно ќе биде и гол на колото во ова натпреварување.