
Кристијано Роналдо е лидер на Португалија и на 39-годишна возраст, но истото важи и за Лука Модриќ кој е една година помлад од својот добар познаник од Реал Мадрид.
Двајцата ја делеа соблекувалната во „кралскиот клуб“ и остварија огромни успеси на „Сантијаго Бернабеу“, а сега како капитени на Португалија и Хрватска вчера повторно ги одмерија силите на теренот.
Португалија беше поуспешна на отворањето на новата сезона во Лигата на нации и победи со 2:1, но еден од хајлајтите на мечот беше конверзацијата која ја имаа Роналдо и Модриќ по крајот на првото полувреме.
Роналдо во свој стил се жалеше кај главниот судија и имаше забелешки за одредени одлуки, а тогаш Модриќ го повика Португалецот и си разменија неколку зборови на пат кон соблекувалните.
Cristiano Ronaldo and Luka Modrić. 🥲🤍
— TC (@totalcristiano) September 5, 2024
Извор: Дерби