ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Се сруши ограда од мост во населбата Автокоманда, свлечиште на автопатот Скопје – Тетово

(ВИДЕО) Се сруши ограда од мост во населбата Автокоманда, свлечиште на автопатот Скопје – Тетово

Околу 70 пријави има во ЦУК, претежно за паднати дрвја во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во општините Бутел и Ѓорче Петров

Advertisements

По невремето кое го зафати Тетовско и во Скопје во неколку општини имаше поројни дождови проследени со засилен ветар и грмотевици

Во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи пристигнати се околу 70 пријави претежно за паднати дрвја во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во општините Бутел и Ѓорче Петров.

Сите пријави се пренесени на надлежни институции, соопштија од ЦУК.

Во населбата Автокоманда се сруши дел од оградата од мост заедно со рекламно пано. Конструкцијата паднала врз две возила во движење, а засега нема имформации за повредени лица. Сообраќајот е во застој, возилата се пренасочуваат кон населбата Маџари.

По невремето на автопатот Скопје-Тетово се појави свлечиште. Возилата се движат бавно поради земјата од свлечиштето која се наоѓа на автопатот.

Свлечиште на автопатот Скопје- Тетово

Претходно во денот, Центарот за управување со кризи соопшти дека во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот./360stepeni

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button