ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Се урна воен авион во Бугарија, неофицијално загинале двајцата пилоти

Воен авион „Л–39 албатрос“ се урна во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Областа Пловдив во Бугарија, јави БТВ.бг. Телевизијата објави засега непотврдени информации дека при падот загинале двајцата пилоти.

Несреќата се случила за време на подготовка за утрешниот аеромитинг во Третата воздушна база, настан кој сега е откажан од министерот за одбрана Атанас Запријанов, соопшти бугарското Министерството за одбрана.

„Се случи тешка авионска несреќа. Авион ‘Л-39 албатрос’ се урна за време на тренинг-лет. Нема официјална потврда за жртви“, изјавија за БТВ од Министерството за одбрана.

Бугарските власти информираа дека во тек е истрага. Преземени се мерки за локализирање на пожарот што избувнал по падот на леталото и се утврдуваат причините за несреќата.

Советничката за медиуми на Министерството за одбрана Евелина Бранимирова изјави дека истрагата за инцидентот ја презела Воената полиција. Според неа, се работи за двоседен борбен авион за обука.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button