ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Шестмина загинати откако хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк

Хеликоптер се урна во реката Хадсон во близина на западниот брег на Менхетен во Њујорк, а пријавени се и жртви, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Advertisements

Според последните информации што ги пренесува „Еј-би-си њуз“ сите шест лица што биле во хеликоптерот се загинати. Информациите што ги пренесува медиумот се дека хеликоптерот превезувал пилот, двајца возрасни и три деца.

„Членовите на семејството биле туристи од Шпанија“, велат извори за американскиот медиум.

Според сведок, што дал изјава за медиумот, се слушнале силни звуци што звучеле како истрели од огнено оружје на небото и потоа се гледале парчиња како паѓаат во реката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button