
Силна бура го погоди Сплит и околината во вторник околу 9 часот наутро, со обилни дождови, град и силни ветрови кои соборија дрвја и предизвикаа прекини во електричната енергија. Многу патишта се поплавени, а еден прод потона, јавува „Дневник“.
Travelogue of the Day, 7/8/25:
Just concluded a beautiful sunny breakfast in Split, and then…HAILSTORM in July!?! WTF! pic.twitter.com/3eCGuPQd0i
— Michael Kao (@UrbanKaoboy) July 8, 2025
Сплитското пристаниште утрово беше сведок на неверојатен инцидент, а брзата реакција на капетанот спречи катастрофа, јавува „Јутарњи“.
Фериботот „Петар Хекторовиќ“ утрово удри во два брода во Сплитското пристаниште, поради силни бури и ветрови – голем катамаран и туристички брод.
Еден од бродовите потона, потврди директорот на Сплитската управа на пристаништето, Вице Михановиќ.
„Поради налетот на ветерот, јажињата што го врзуваа фериботот за брегот се скинаа, па почна неконтролирано да се движи низ пристаништето. Прво се потпре на катамаранот „Крило“, а потоа удри во голем туристички брод кој моментално тоне“, изјави за „Тпортал“ Звоне Перкушиќ, раководител на пристанишните операции, додавајќи дека, за среќа, нема повредени.
Тој ја истакна и храбрата и вешта реакција на капетанот на фериботот, која, според него, спречила посериозна несреќа и поголема штета.