ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Силно невреме во Далмација, бранови високи и до шест метри!

Оркански ветрови синоќа го зафатија централното далматинско подрачје, предизвикувајќи огромни бранови кои на отворено море биле и со височина и до шест метри, додека во крајбрежниот дел биле меѓу два и три метри, објавија хрватските медиуми.

Advertisements

Метеоролошката станица регистрирала многу силни удари на ветрот во подрачјето на Сплит во текот на неколку часа, соопшти сплитскиот Хидрометеоролошки завод.

Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни линии на Јадранското Море, соопшти утрово Хрватскиот автоклуб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button