СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Сити со нерешен резултат обезбеди четвртфинале

Манчестер Сити обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го Спортинг. Иако вториот меч заврши без голови, Ман. Сити се квалификуваше благодарение на првиот натпревар кој го добија со резултат 0:5.

Advertisements

Сити доминираше од секој аспект на реваншот на „Етихад“, но никако не успеаа да реализираа одличните шанси. Габриел Жесус погоди две минути по почетокот на вториот дел, но по прегледувањето на ВАР, се покажа дека е во офсајд позиција.

Во меѓувреме и Спортинг неколку пати ризикуваше, но не ги реализираше неколкуте можности.

Така Сити оди во четвртфиналето, а противникот ќе го дознае на 18 март, за кога е закажана ждрепката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button