СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Славија Прага и Витезе, во четвртфиналето

Одредени се екипите кои ќе играат во четвртфиналето на Конференциската лига. По Бодо / Глимт, ПСВ, Партизан, Марсеј и Лестер, се приклучија и екипите на Славија Прага и Витесе.

Славија Прага на двата натпревари одиграни со Фенербахче славеше па со вкупни 6-4 оди понатаму. Првата средба чесите ја добија со резултат 3-2, додека вечерва повторно со резултат 3-2, повторно славеа над турскиот гигант. Головите за домашните ги постигнаа Шранц во 19. минута и Сор. И во 27. и 63. минута, додека за Турците погодија Јандас во 39. минута и Мергим Бериша во 90. минута.

 

Витесе успеа да се пласира во следната рунда од Конференциската лига, победувајќи со 3-2 на двете средби со Рапид Виена. Првиот меѓусебен натпревар заврши со резултат 1-2, додека овој четврток холанѓаните дојдоа до победата од 2-0, благодарение на головите на Грбиќ во 3. минута и на Беро во 19. минута.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button