ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Снегот направи огромни проблеми во Германија, камиони заглавени во Франција

Обилен снег падна во делови од Западна Европа каде што доведе до големи прекини во сообраќајот, а привремено беше затворена и Ајфеловата кула во Париз.

Advertisements

Службите за итни случаи во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг биле ангажирани во повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во изминатите 18 часа, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на полицијата соопшти дека се повредени најмалку 30 лица, главно полесно, а штетата изнесува повеќе од еден милион евра.

Најпогодени градови биле Фрајбург и Констанц, каде полицијата учествувала во нешто помалку од 300 операции поврзани со временските услови во периодот од четврток попладне до петок наутро, соопшти полицијата.

Во соседна Франција, околу 1 750 камиони останаа заглавени на патиштата, а најтешко се погодени северните провинции Бургундија и Нормандија, изјави министерот за транспорт Франсоа Дуроврај за телевизијата БФМТВ.

Стотици тешки возила останаа заглавени на патиштата откако возачите постојано ги игнорираа временските ограничувања. Многу возачи мораа да преноќат во своите возила.

Железничките услуги беа прекинати и во Франција, каде што 200 000 домаќинства останаа без струја поради временските услови, соопшти добавувачот „Енедис“.

Ајфеловата кула во Париз е привремено затворена за посетители по ретки врнежи од снег.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button