ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Сцени на хаос во Киев: Реки од автомобили, бега дури и шефот на парламентот, полни подземни станици

Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина

Откако првиот човек на Русија, Владимир Путин, започна општа инвазија на Украина, многу Киевчани решија да го напуштат главниот град што брои околу 2,8 милиони жители. Додека детонации и сирени одекнуваат низ градот, реки од автомобили течат кон излезите од градот.

Advertisements

Дописникот на Гардијан на Твитер напиша дека на улиците на Киев нема многу луѓе, дека само големи редици има пред банкоматите и бензинските пумпи, кои се целосно парализирани.

На социјалните мрежи во Киев владее чувство на паника. Некои луѓе пишуваат дека брзаат да ги однесат во атомски засолништа и подруми, а на ТВ снимките се гледа како луѓето се молат на улиците, собрани во групи, јавува Би-Би-Си. И станиците на метрото се преполни со луѓе кои се кријат во страв од руски ракети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button