ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Трет ден беснее пожарот кај Измир – изгорени куќи, активирани авиони и хеликоптери

Шумскиот пожар во близина на Измир во Турција не стивнува веќе трет ден, пожарот се шири кон станбените области, граѓаните од пет села и две населби се евакуирани, едно лице е спасено од пламенот, а повеќе од 20 лица се примени во болница поради вдишување чад.

Advertisements

Голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, објави „Сабах“.

Пожарот избувна во шума во близина на Измир околу 13 часот во неделата, но се ширел брзо поради силните ветрови што достигнувале брзина од 110 километри на час.

Хеликоптерите првично не можеа да полетаат поради лоши временски услови.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Џумакли, вчера пристигна во Измир за да го провери пожарот.

„Продолживме да се бориме со пожарот со четири авиони, 14 хеликоптери, 106 цистерни, градежна опрема што можам да ја избројам на стотици и возила од крајбрежните институции“, рече Џумакли, додавајќи дека пожарникарите во моментов се борат со пламените јазици на осум точки.

Изгорени куќи

Џумакли нагласи дека многу куќи изгореле и станале непогодни за живеење и дека државата ќе им помогне на граѓаните погодени од пожарот.

„Нема разлика помеѓу палење шума и испукување куршум кон татковината“, рече Џумакли.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button