СВЕТ

(ВИДЕО) Тревога во Лондон! Опколена болницата Св. Томас, затворен мостот Вестминистер

Лондонската полиција го затвори мостот Вестминстер. Според првите информации, поставен е полициски кордон околу болницата Сент Томас, а вработените се евакуираат.

Advertisements

Како што пренесува британскиот портал, „Метро“, Полицијата влегла во болницата по активирана „безбедносна тревога“. Пациентите и персоналот се евакуираат од местото на настанот, а никој не смее да влезе внатре, велат очевидци за порталот.

Едно очевидец објавил на Твитер: “Нешто се случува во болницата Сент Томас. Мојот партнер, вработен на одделението за корона е евакуиран, дали некој знае што се случува? Никој не смее да влегува или излегува од болницата”.

Полицијата објави на Твитер: „Полицијата постапува по безбедносно предупредување во болницата Сент Томас. Кога ќе обезбедиме дополнителни информации јавноста ќе бидат запознаена “.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button