
Тропската бура Дана денеска донесе силен ветер и дожд на источниот брег на Индија, од каде претходните денови беа евакуирани речиси 600.000 луѓе.
Според индиската метеоролошка служба, невремето доцна вчера дошло на копно во државата Одиша, со максимална брзина на ветерот од околу 110 километри на час и налети до 120 километри на час, пренесе АП.
Во некои области на Одиша и во соседната држава Западен Бенгал, налетите на ветрот соборија дрвја, објавија локалните медиуми.