ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Циклонот Чидо го погоди островот Мајот, се прогнозира дека има над илјада загинати

Стотици, а можеби и илјадници луѓе загинале откако циклонот Чидо ја погоди француската територија Мајот, остров во Индискиот Океан помеѓу Мадагаскар и брегот на Мозамбик, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Ветровите со брзина од над 200 километри на час предизвикале огромни штети, срушиле цели населби, а најмногу настрадале оние што живеат во импровизирани засолништа.

Од циклонот Чидо се погодени и соседните острови Комори и Мадагаскар, а потоа продолжил и кон Мозамбик.

Според прогнозите на „Метео франс“, Чидо е најсилната бура што ги погодила овие острови во последните 90 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button