(ВИДЕО) Во тајфун во Јапонија загинаа четири лица, најмалку 96 се повредени

Жителите на Јапонија беа повикани да бидат внимателни денеска бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а повредени се најмалку 96 лица, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.
Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во Јапонија.
Flooding in Ninomiya in Japan due to heavy rain from typhoon Shanshan…..pic.twitter.com/g6SvGewy1i
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 30, 2024
Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападен јапонски голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд.
Следуваа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.
Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи.
Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави НХК.