СВЕТ

(ВИДЕО) Врата на патнички авион се отвори среде лет

На лет на јужнокорејската авиокомпанија „Азијана ерлајнс“ дошло до инцидент кога се отворила вратата на авионот непосредно пред слетувањето на аеродромот во градот Даегу, а на социјалните мрежи се појави видео од шокантната сцена.

Advertisements

Неколку патници имале проблеми со дишењето, но авионот слетал безбедно, соопштија официјални лица.

Во авионот имало 194 луѓе, а по полетувањето од островот Џеџу во Јужна Кореја, вратите наеднаш се отвориле, велат официјални лица.

Ниту еден од 194-те патници не е повреден.

Засега нема информации за оштетување на авионот. Според претставник на авиокомпанијата, патник кој седел во близина на излезот рекол дека ја допрел рачката на вратата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button