СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО/ Втор пораз за Реал, Јувентус славеше со 3-1

Јувентус со 3-1 го победи Реал Мадрид на пријателски меч во САД, тоа е втор пораз по ред за кралскиот клуб на подготовките. По поразот од Барселона, уште еден загубен меч за Реал Мадрид, овојпат Јувентус беше тимот кој го совлада кралскиот клуб.

Advertisements

Резултатот беше отворен уште во првата минута кога Моизе Кин постигна гол за водство на Јуве од 1-0. Во 20. минута Веа го зголеми водството на 2-0. Во 38. минута Винисиус постигна гол и намали на 2-1, со тој резултат заврши првото полувреме.

Последниот гол беше постигнат пред самиот крај на мечот, во 95. минута Влаховиќ реализираше за конечни 3-1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button