ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Вулканот на Ла Палма еруптира веќе пет недели, а сега е уште поопасен!

Вулкан на Канарскиот остров Ла Палма еруптира веќе пет недели и моментално е поактивен од кога било, изјавија официјални лица по делумното уривање на кратерот на вулканот, што доведе до уште една силна ерупција на лава во области кои претходно не беа погодени.

Advertisements

Институтот за вулканологија на Канарските острови наведува дека станува збор за „огромна фонтана од лава“, пренесува Sky News.

– Ние сме во нова фаза која е многу поинтензивна – изјавил Педро Хернандез, истражувач во Институтот за РТВЕ.

Ерупцијата создаде голем облак од вулкански чад и пепел над островот. Локалните жители внимателно го следат протокот на лава, а властите се подготвени да ги евакуираат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button