ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Запалени 60 лежалки на плажа во Албанија, нов конфликт меѓу сопствениците на барови

Околу 60 лежалки изгореа на плажа во албанскиот крајбрежен град Дерми. Инцидентот се случил ноќеска, еден час по полноќ, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.

Advertisements

Според дел од локалните портали постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.

Викендов во вооружен конфликт меѓу сопственици на баровите во врска со лежалките, беа убиени четири лица, а две беа повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button