СВЕТ

(ВИДЕО) Земјоделци ги блокираа улиците и подметнаа пожар во Брисел

Земјоделци со околу 1 300 трактори кои се паркирани на плоштадите и улиците денеска го блокираа Брисел, особено делот каде што се сместени институциите на ЕУ.

Земјоделците протестираат за да ги истакнат нивните намалени приходи, премногу сложената легислатива и преоптовареноста на администрацијата. Незадоволството меѓу земјоделците, првично предизвикано во Франција, се прелеа во неколку европски земји, вклучително и во Белгија.

„Како што се очекуваше, најголемото нарушување на сообраќајот е главно на улиците и околу плоштадот во европската област, додека другите области не се толку погодени. Спречен е пристап до реонот околу самите згради на Унијата“, соопшти полицијата.

Земјоделците, кои дојдоа од цела Европа да протестираат против Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и Зелениот договор, подметнале и пожар палејќи дрва и гуми.

Како што објави весникот „Соар“, на плоштадот „Луксембург“, во близина на зградата на Европскиот парламент, може да се забележи чад и да се почувствува „остар мирис“, а насекаде по земјата има расфрлано ѓубриво и слама.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button