Видеолотарија Касинос Австрија со донација од над 2 милиони денари, го стави во функција 18 тото игралиште
Видеолотарија Касинос Австрија со донација од над 2 милиони денари, го стави во функција 18 тото игралиште

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од над 2 милиони денари, го стави во функција 18 тото игралиште. Станува збор за детско инклузивно игралиште во Општина Кисела Вода.
Децата го заслужуваат најдоброто. Тоа е нашиот предизвик како општествено одговорна компанија, унапредување и развој на заедницата, примарно создавајќи најдобри услови за најмладите. По 17 игралишта во изминатите 10 години, ја дополнуваме оваа бројка со нови.
Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Нашата цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.
Како модерна и одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за забава,спорт и рекреација на најмладите низ Македонија.