ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на обвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа.

Advertisements

Обвинетиот Видевски одговарајќи на прашања на Палевски денеска изјави дека ги негира сите наводи изнесени пред обвинителството. На прашањето дали некој полицаец или обвинител го прашал за поседување оружје, тој одговори: „Мислам дека не, поточно, сигурен сум дека не ме праша.“

Во врска со фотографијата од Панче Жежовски, која според обвинителството му била испратена од Велибор Манев, Видевски изјави: „Кој било може да ми прати слика по грешка што нема врска со мене, така што игнорирам многу работи така.“

Видевски, исто така, нагласи дека сликата никогаш не му била покажана, ниту спомната од страна на обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button