ЕКОНОМИЈА

„Викенд без ДДВ“ само за оние со смартфони и со апликацијата „Мој ДДВ“

Во трите дена од продолжениот викенд граѓаните кои ќе купуваат македонски производи ќе добијат поврат на ДДВ од 18 отсто, но за ИТ опрема данокот на додадена вредност изнесува 5 отсто. Бенефит од „Викендот без ДДВ“ можат да имаат само граѓаните кои скенираат фискални сметки, односно ја имаат апликацијата „Мој ДДВ“. Граѓаните може да направат поврат на ДДВ на вкупна сума на сметки до 30 илјади денари.

Advertisements

„Системот овозможува по автоматизам за делот од 25 илјади денари да ви се врати, доколку станува збор за македонски производи, цел износ на ДДВ, а за другиот дел од разликата кои не се домашни производи, повратот ќе биде според редовниот поврат на ДДВ“, рече Фарук Омери, в.д.  директор на УЈП.

Самиот софтвер ќе ги распознава износите кои се однесуваат за остварениот промет од мешани и од чисто странски производи. Поголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека нема по секоја цена да излегуваат и да пазарат во трговските центри или во продавниците само затоа што ќе добијат поврат на ддв. Оние пак, кои се заинтересирани за шопинг ни кажаа дека го чекаат токму овој викенд за набавка на компјутер или лаптоп.

Инаку, попладнево пратениците го донесоа Законот за „викенд без ДДВ“. На 10, 11 и на 12 октомври граѓаните ќе можат да  купуваат домашни производи и услуги, но и компјутерска ИТ опрема и на своите трансакциски сметки да добијат поврат на ДДВ во следните 15 дена. Опозицијата го оспорување овој закон со образложение дека зголемениот број на граѓани кои се очекува да бидат во трговските центри ќе бидат изложени на опасност од корона вирусот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button