ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Викендов се комплетира владиниот кабинет

Викендов се комплетира владиниот кабинет

Алтернатива вечерва го заокружи Владиниот Кабинет со избор на кандидати за министри и заменици-министри. Орхан Муртезани ќе биде кандидат за министер за евроинтеграции, Сафије Садики-Шахини за заменик министер во Министерството за односи меѓу заедниците, а Лулзим Алиу заменик министер за образование. . Во рамките на ВЛЕН познати се кандидатите за министри и заменици. Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани заменик министер за култура и туризам. Арбен Таравари ќе биде министер за здравство, а за заменикот за земјоделство се спомнуваат Флакрон Беџети и Елфете Исмаили. Изет Меџити ќе биде министер за екологија и ќе биде прв вицепремиер, додека за вицепремиер за добро владеење се очекува да биде предложен Арбен Фетаи. Заменик министерот за внатрешни работи, ќе биде од партиските редови на Изет Меџити, а неофицијално се дознава дека за оваа функција ќе биде предложен Муамет Амети.

Во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијални информации, Тимчо Муцунски може да биде номиниран за министер за надворешни работи, а Александар Николовски за министер за транспорт и врски. Владо Мисајловски би можел да биде предложен за министер за одбрана, додека Панче Тошковски се уште не е дефиниран дали ќе биде генерален секретар на партијата или ќе остане министер за внатрешни работи. За министер за образование се споменува името на Весна Јаневска. Во земјоделството се споменува името на Цветан Трипуновски, а за Култура и Министерството за енергетика имињата ќе се дознаат по состанокот на партиските тела утре за кога Мицкоски го свика Централниот и Извршниот комитет.

Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски ги предложи имињата за министри. Игор Филков е номиниран во правда, додека Горан Минчев е номиниран во администрацијата.

Покрај за владиниот кабинет, во јавноста се зборува и за други позиции предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски се споменува дека ќе биде номиниран за гувернер, додека поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски за директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button